Овој Меморандум за соработка е потпишан со намера и цел да овозможи ефикасна и координирана соработка помеѓу Комората на органски производители КОП и Занаетчиската комора на Р.С. Македонија ЗКРСМ, за спроведување на активности чија основна цел е унапредување на меѓусебната соработка и придонес кон застапување на интересите на органските производители и традиционалните производители, т.е. Занаетчии. Првата планирана активност е учество на ЗКРСМ на саемот „Органска трпеза“ во септември 2021 година, каде што ќе се афирмираат и промовираат членовите занаетчии.