Органската храна е храна произведена со методи што ги исполнуваат стандардите на органското земјоделство.
Стандардите се разликуваат ширум светот, но кај органското земјоделство има практики каде се одржува циклусот на ресурсите што се применуваат, се промовира еколошката рамнотежа и се зачувува биодиверзитетот.
Во 21 век, купувачите бараат од производителите да обезбедат од релевантни институции специјална сертификација, за да ја продаваат својата храна како органска.
Продавањето храна со органска етикета е регулирано преку владини органи за безбедност на храна, што секоја држава ги донесува самостојно.
Од аспект на животната средина: ѓубривото, хиперпродукцијата и употребата на пестициди во конвенционалното земјоделство може негативно да влијаат врз екосистемите, биолошката разновидност, подземните води и снабдувањето со вода за пиење.
Органското земјоделство има за цел да ги минимизираат или избегнат овие еколошки и здравствени проблеми.
Побарувачката за органска храна првенствено е водена од грижата на потрошувачите за личното здравје и животната средина.
Македонија е земја со големи можности за производство на органска храна.
Во услови на зголемена побарувачка на пазарите за органска храна Комората на органски производители (КОП) беше воспоставена за да се усогласат македонските стандарди на производството, пакувањето, транспортот и трговијата со органски производи со меѓународните, да се зголеми површината на обработливо земјиште за органски производи, да се едуцираат производителите и потрошувачите.
Сите наши активности се насочени кон искористување на огромниот потенцијал што го има македонскиот земјоделец за органска храна.
ОГЛАС ЗА РЕГИОНАЛНИ КООРДИНАТОРИ
Комората на Органски Производители
објавува ОГЛАС ЗА
КООРДИНАТОРИ НА ПЛАНСКИ РЕГИОНИ
Превземи документ тука.
Наша Визија
Комора со изградени стандарди и пракса активно вклучена во промените на македонското општество, изградена комуника-ција со владата и другите актери во македонското општество, регионот и Европа.
Наша Мисија
Изградени правила за органско производство, систем на комуникација, поврзување и подршка со фирмите и индивиду-алците, континуирана едукација и надоградба и силно влијание врз забрзаните текови на светските искуства и европските фондови кон јавната администрација, претпријатијата, НВО секторот и земјоделците со цел континуирано подобрување на конкурентноста на македонската економија во целина.
Комора на Органски Производители
Унапредување и промовирање на можности за развој и усовршување на органското производство.