Во организација на: Град Врање и Сојуз на пчеларски организации на Србија, Р. Србија, а во соработка со Здружение „ЖИВОТ“ и Комора на Органски Производители – КОП, Куманово, организираме посета на саем на лековити, зачински, украсни билки и пчелни производи во Врање на 7 март 2020 год.

Здружението „ЖИВОТ“ за сите свои членови и за членовите на Комора на Органски Производители КОП обезбеди изложбено – продажен простор и организира автобуски превоз на релација КумановоВрање-Куманово. Котизација за учество на саемот, која што вклучува повратен билет и штанд изнесува 500,оо денари. Поаѓање за Врање во 8:00 часот пред градскиот базен во Куманово. Враќање за Куманово
во 18:30 часот.
Пријавувањето е задолжително, најдоцна до 01.03.2020 година, на е-меил: blagica@adut.mk или на тел. 070/88 88 17 кај Драган Цветковиќ. При пријавувањето, доставете список и количина на производи кои што би ги понеле, поради царински формалности.

Детални информации на овој линк (pdf документ).