По иницијатива на претседателот на Занаетчиската Комора на РСМ, г-дин Агрон Фазлији и во организација на Меѓународната Јуниор Комора – ЈЦИ Призрен, претставувана од г-дин Африм Рада, г-дин Фатир Берзати и г-дин Берзат Берзати, заедно со директорот на Бизнис Конфедерација на РС Македонија, претставувана од г-дин Миле Бошков, Комората на Органски производители КОП, претставувана од претседателот г-дин Драган Цветковиќ учествуваше во работна посета во Косово. Оваа активност беше поддржана лично од г-ѓа Шпреса Јусуфи, Амбасадорка на РСМ во Косово. Остварени се работни состаноци со сопствениците на компанијата Frutex LLC, Градоначалникот на Општина Сува Река, г-дин Баљи Мухарремај, Градоначалникот на Општина Призрен, г-дин Митахер Хаскука, директорите на одделите земјоделство и животна средина и претседателот на Комора на занаетчии и претприемачи. Целта на состаноците е разгледување на можности за соработка и размена на искуства.