Органското производство е перспективен потсектор на кој изминативе години Влада му даде големо значење.
На средбата со претставниците на Комората на Органски Производители разговаравме за политиките и можностите кои ги нудиме преку програмите за финансиска поддршка, како и предизвиците со кои се соочуваат органските производители.
Во тек е изработката на новата законска рамка за органското производство. Тој процес го водиме во отворена соработка со сите засегнати страни.